ПРСТИ СЕ ЛИЖАТ ОД ИЗГЛЕДОТ И ВКУСОТ

Зоран Крстески, готвач и интернационален судија

– Мајстор е за медитеранската и далматинската кујна, а Хрватите биле”луди” по македонско тавче гравче и ширден

Hrvatskiot kuvar Zirojevic vo drustvo so personalot od Sonce GAВо април, во Хрватска, на островот Брач, во местото Супетар, ќе се јадат ширдени, ќе замириса биеното сирење, а дегустаторите ќе ги мами и вкусното тавче гравче. На македонско – прилепската вечер во рамките на интернационалниот гастрономски натпревар “Бисери с мора”, посетителите ќе уживаат во првокласните македонски вина. Освен богата  софра, атмосферата  ќе се украси и со традиционална македонска песна, а ќе падне и оро. Ширдени за 120 гости ќе подготви надалеку познатиот експерт за готвени јадења, прилепчанецот Зоран Крстески, кому ќе му асистираат колеги од ресторанот “Сонце ГА” и од “Александар Палас”. Тоа ќе биде гастрономски спектакл, кој ќе ги натера Хрватите прсти да си излижат. Се очекува да се бара и место повеќе, затоа што далматинците се запалени по македонската зачинета храна. Во тоа веќе над една деценија се уверил готвачот Зоран Крстески, кој ќе биде и судија на натреварот во подготовка на храната. Тој е “маестро”, му нема рамен, не само за националните македонски јадења, туку и за медитеранските специјалитети.

–   На 11 април ќе има македонска вечер на Брач. Сонце ГА заедно со Александар Палас ќе подготвиме ширдени за 120 гости. Најмногу гости на натпреварите има за македонската вечер, оти домаќините и гостите се воодушевуваат од фолклорот. Присуствуваат и познати Хрвати – вели Зоран Крстески, готвач.

Krsteski vo uloga na ocenuvac na kvalitet i dizjan na jadenjeИако има 46 години, има титули посакувани и сонувани од сите готвачи. Тој не само што е мајстор во кујната, туку е и македонски кулинарски амбасадор, со еден “куп” признанија и награди, освоени на интернационални гастрономски натпревари. Стручноста, стекната со образованието, ја надоградил со 17 годишното искуство и огромната љубов кон професијата. На 25- годишна возраст бил шеф на кујната во Липа, а на море поминал 11 сезони. Работел на Истра, Макарска, Корчула и во Сплит. Ја усовршил медитеранската кујна. На натпреварот “Бисери с мора”, каде учествуваат околу 200 учесници “жнеел” награди. Ја стекнал  највисоката титула мајстор – кувар, и лиценца за судија во рангот на најдобрите 12 судии.

– Секогаш го следам трендот. Како и во сите бранши, нормално и во готварството нужно е усовршување. И од мене научија доста интересни работи, но и јас стекнав многу пријатели – готвачи од Хрватска, меѓу кои и Хрвоје Зиројевиќ. Во Хрватска заминав зашто капацитетот и знаењето што го имав, овде не можев да го спроведам. Кај нас  ми беше “тесно”, а и друг е менталитетот. Ме трга да создавам нешто ново, да експериментирам и да барам нови правци и рецепти – вели Зоран.

Експерт е за далматинска и медитеранска кујна. Кај далматинците доминираат зачините, рузмарин, мента, жалфија, свежо оригано. И прилепчани имаа можност да ги дегустираат вкусовите со гостувањето на познатиот готвач Хрвоје Зиројевиќ во ресторанот од хотелот Сонце ГА.

Makedonskiot i hrvatskiot maestro vo kulinarstvoto - Krsteski i Zirojevic– Морските специјалитети секаде се исти. И во Шпанија, рибата е риба! Далматинскиот стил на готвење нуди поинакви вкусови. На пример, далматинската паштицада што ја подготвивме е слатко – кисело јадење. Таа храна изобилува со овошје и со вкусот на Медитеранот, со портокали, со сушени смокви, со сливи и сл. Готвачот кој беше гостин е мајстор, исклучиво за морска храна. Во нивната кујна многу малку е застапено пржењето, туку се оди на варива и поздрава храна. Палмините масла се исфрлени. Се користи маслиново масло. Нема црвена пипер и зачинети храни од ориентална кујна. Дафинката исчезнува и не ја користат. Сé е насочено кон квалитетна здрава храна. Се готви на пареа, на динстани меса, на варени меса со многу зеленчук. Целер, пашканат, моркови, компири, тој тип на зеленчук доминира во далматинската храна. Кај нас 80 отсто, каде и да појдете има помфрит. Таму помфритот се користи само во фаст-фудови, а во ресторани го нема – објаснува Крстески.

Иако нашата храна е помрсна и многу јака, таа е обожувана од Хрватите, зашто им “удира” на ориентална кујна. Им се бендисувал вкусот.

Kulinarstvoto e i invencija i umetnost–  Сум им направил на газдите каде работам тавче-гравче, ширден, плескавици со амур како нашиот. Фасцинирани се, зашто не пробале. Секоја новина им е интересна. Во Макарска се служат 80 отсто далматински јадења, зашто таа не е интернационална кујна. Да се добие работна дозвола, како што сум пријавен како национален кувар, дел од нашата храна вметнавме во менито. Има плескавица – “Македонка”, тавче-гравче и ширден, што значи дека треба минимум три јадења од домашната кујна. Италијанците беа најголеми купувачи на “Македонката”. Ја правев со кашкавал, кајмак и доста кромид, строго на жар – вели Крстески.

Како искусен готвач, признава дека изгледот доста влијае на изборот на храната. Колку е подобра декорацијата и украсена чинијата, тоа игра голема улога за храната што следи.

– Со подобра декорација, позадоволен е гостинот. И вкусот треба да е погоден. За некои храни е пресудно како ќе изгледа јадењето – вели Крстески.

Иако луѓето сметаат дека готвачите јадат изобилно, Зоран Крстески признава дека многу малку консумира храна. 

Loading