ПРОСЈАЦИТЕ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ДЕЦАТА

Dali samo siromastijata e pricina za prosenjeНе така ретка слика на центарот како и пред влезовите на поголемите маркети се лица кои просат. Сликата да е непријатна, просјаците “бракаат работа” и при пекол и при студ. Повозрасните во “бизнисот” ги влучуваат и малолетните деца или внучиња. Тоа е трик за предизвикување на поголемо сожалување. Иако со Законот за семејство јасно и прецизно се уредува заштитата на децата од злоупотреба од питачење и се овозможува грижа за спречување на злоупотребата на децата, не запира овој тренд што им штети најмногу на децата.

Питачењето директно ги загрозува правата на децата и претставува ризик по нивното здравје и правилен развој. Во многу случаи родителите ги принудуваат децата да питачат. Се знае дека економската состојба најмногу ги погодува најсиромашните слоеви на општеството, кои пак од таа причина се принудени да питаат. Сепак, ако нема чаре за возрасните, треба да се почитува Законот за семејство и да се спасат невините деца од злоупотреба и од грубо занемарување на родителските должности. Законот санкционира и наведување на питачење на дете. Тоа е злоупотреба на детето од родителот. Центарот за социјална заштита врши постојан надзор врз родителот, но ако родителот не постапува по укажувањата, тогаш постои законска можност времено да му се одземе детето натерано на просење. Постои и законска можност и за покренување на постапка за одземање на родителското право на родителот и против него ќе се поведе кривична постапка. А, доколку се утврди дека при користење на детето за питачење, детето е доведено во опасност, Центарот за социјална веднаш времено го одзема детето.

Иако постои бесплатен телефонски број за пријавување на децата кои питачат, граѓаните ги занемаруваат моралните норми и не ја почитуваат сопствената совест. Сами замижуваат со очите од оваа глетка и ги одбегнуваат просјаците, мислејќи дека проблемот сам по себе ќе исчезне.  

Loading