ПЕТКИ И КЕЦОВИ ПРЕКУ СМС

Edinicite i petkite doagaat so SMSРодителите ги добиваат петките и единиците од своите деца, ученици преку СМС.  Со новиот систем во образованието има лесен пристап до оценките, присуството на часови и поведението на децата. Родителите и старателите, кои во училиштата оставиле контакт телефон, имаат можност да добиваат бесплатни информации за тековните активности, еднаш неделно на својот мобилен телефон преку СМС порака. Регистрирањето во електронскиот дневник е едноставно, а податоците остануваат доверливи. Со ова, родителите редовно се запознаени за ученичките активности и нема да чекаат родителска средба. Ќе може да појдат на средба со наставникот или стручната служба побрзо и поефикасно да се отстранат евентуалните проблеми со детето.             

Loading