ДЕЛАТА ЗБОРУВААТ ЗА МОЈАТА РАБОТА

Кривогаштани

Krivogastani na noze za IvanovЃорѓе Иванов, кандидат за претседател од владеачката ВМРО ДПМНЕ оствари средба со жителите на Кривогаштани, при тоа потенцирајќи дека досега реализирал бројни проекти кои не биле дел од неговата програма пред пет години, а ветувајќи дека така ќе продолжи да работи чесно и одговорно.

– Дојдов со она што ме воспитале и што ме водело низ целиот живот – да бидам чесен, да бидам искрен и да бидам вреден. Повторно доаѓам и не сум се променил. Делата зборуваат колку бевме чесни, искрени и вредни – рече Иванов.

И во иднина ќе се залага за поголем развој на економијата во Македонија и дека младите се најзначајниот капитал во државата и за таа цел треба постојано да се вложува во нивното образование.   

Loading