ЗАНАЕТ ОД НЕМАЈКАДЕ

На исто место со децении, ако не и со векови, во срцето на чаршијата постојат, сега скоро невидливи чистачи на чевли. На времето, кога немало секаде асфалт, а со чевлите или опинците се газело по кал, прво што се правело е да се појде кај чистач на чевли, да ги л’сне како нови обувките. Работата траела неколку минути, а после и муштеријата и чистачот задоволно се разидувале. Со времето, четкањето и чистењето на чевли станало навика или курназлак на поимошните прилепчани. Сега овој адет е на “умирачка”.

Еден од преостанатите и поупорни чистачи на чевли, Муарем, работи за егзистенција, но слабо кој застанува да му се светнат чевлите за симболични 20 денари. Иако се жали, не се предава. Вели дека со 60 до 80 денари го минува денот. Местото го “наследил” од татко му Рамадан, кој работел додека го држело здравјето, но немилосрдноста на овој занает му го зела здравјето.  

Loading