СЕ ДЕЛАТ УШТЕ 1000 КОРПИ

Комуналец

Комуналец набави уште илјада корпи за отпадоци за семејствата во градов од вкупно 10 илјади за годинава. Екипите ќе ги распределуваат во домаќинствата во неколку населби, каде жителите имаат потпишано договори. Ќе се делат корпи кај куќите кај печатницата, дел од Сточен пазар, останатиот дел од Варошко мало и неколку помали и споредни улички во овој реон. Следна населба од каде комуналците ќе собираат селектиран органски и неоргански отпад од корпи е Бончејца.

Иако на почеток граѓаните беа скептици, секојдневно се јавуваат граѓани заинтересирани да потпишат договор за набавка на корпи.

Жолтата корпа за селекција, Комуналец ја дава бесплатно, а зелената за биоразградлив отпад, граѓаните можат да ја набават на 24 рати, или со наплата на сметката за ѓубретарина од 50 денари месечно.

Во 2013 година беа распределени 11 илјади корпи за селекција со вложени 12, 3 милиони денари.

Комуналец досега инвестира во 1000 контејнери за селекција по јавно прометните површини и станбените блокови со инвестиција од 15 милиони денари. Набавени се и возила за 9 милиони денари.

За комплетно почитување на законската регулатива и за завршување на примарната и секундарната селекција на отпад во 2014 и 2015 година, Комуналец треба да вложи уште еден милион евра.

Loading