МЛАЗЕВИТЕ НА ШТРЕК

Зимскиов период џампинг фонтаната пред Центарот за култура, “пресуши”, односно не ги исфрлаше прекрасните бујни млазеви вода, заради ветровите и можноста да замрзнат цевките. Со календарското доаѓање на пролетта, се чисти впечатливиот декор од ситното ѓубре кое со месеци се таложело под светилките и тешките гранитни плочки. Со растот на температурите и фонтаната ќе блика со вода, осветлена од повеќебојните светилки ќе биде радост и за старо и за младо.

Loading