ГРАДОТ ЌЕ ГО КРАСАТ 1500 РОЗИ

Градот ќе го красат точно 1500 рози што ќе ги насадат комуналците денеска во рамките на националната еколошка кампања “Македонија земја на цвеќето – земја на розите”. Акцијата тргнува со поставувањето на првите садници во паркот кај Участакот, потоа ќе се китат со цутни рози во разни бои и парковите кај Судот, спроти Липа, во населбите Точила, Димо Наредникот и Могилата.

Цветовите на розите создаваат визуелно – естетски рај за сетилата, се заштитува животната средина и се претвораат урбаните средини во цветни градини кои влијаат на прочистување на загадениот воздух.      

Loading