КОЛИЧКИ, НАМЕСТО АМАЛИ

И на првите фотографии од Прилеп, сликани од странци, обично од српски, бугарски или германски војници од Балканските и во Првата светска војна, прво што им паѓало в око биле амалите на секаква стока. Некогаш амалите имале сламени самарчиња. Традиционално, и тогаш, и сега, се чекаат муштерии Под саат. Само што исчезнаа амалите, туку нивните потомци се осовременија со колички. Да не се само “демоде”, туку товарот да им биде “лесен”, со тркалата пренесуваат зајре, вреќи торби од пазар или на пазар. Лете транспортираат пиперки за ајвар, компири, грозје, па куќни апарати, дури и фрижидери, само да да падне некоја пара. Но, намалена е потребата од нивните услуги. Сепак, секој ден тлее надеж на истото место како нивните претци пред децении. Чекаат упорно некој да им побара да им го префрлат зарзаватот дома. Трпеливоста и снагата им се главни карактеристики на овие луѓе, без кои Прилеп не би бил Прилеп.    

Loading