ЌЕ СЕ ГЛАСА И СО СТАРИ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ

Граѓаните со право на глас од општинава, ќе можат да го остварат гласачкото право, иако пред извесно време беа сменети некои од имињата на улиците, а тие не е се внесени во личните исправи. Од ДИК велат дека потребно ќе биде само да се совпаѓа името, презимето и матичниот број.

ДИК информира дека, ако на пример, новото име на улицата каде живее гласачот е “Гоце Делчев”, а во личната карта пишува “Маршал Тито”, гласачкото право нема да биде оспорено. Иако во гласачките списоци ќе фигурира новото име на улицата, тоа не треба да предизвикува забуни кај граѓаните.

Од ДИК се запознати со ситуацијата и имаат испратено инструкции до општинските изборни комисии да дозволат гласање на граѓаните кои живеат на преименувани улици. Со оглед дека важноста на личната карта е пет години за граѓаните до 26 години и десет за тие над 26 години, нема да има потреба за вадење нова лична карта сî до изминувањето на законскиот рok.   

Loading