ДУВЛО ДО БРЗАТА ПОМОШ

Итната медицинска служба има неколку објекти, каде се извршува потребната работа. Главната зграда е во ред, а и убаво е среден паркингот со возила кои чекаат на штрек за интервенција. Веднаш зад паркингот постои нешто за кое немаме зборови. Најдобро би било да се нарече дувло, зашто е објект на кој заборавиле сите, а служи за збиралиште на наркомани и алкохоличари. Надворешноста не е толку забаталена, но внатрешноста предизвикува страв и денски, а камо ли на вечер. Во бараката нема никаква дограма, а во собите стрчат оголени кабли за струја. Да се влези внатре треба голема претпазливост, да се внимава каде да се стапне. Искористени шприцеви, скршени стаклени шишиња и човечки и животински измет, а и дупки во подот што се животна опасност на секој што би се осмелил да зачекори во ова ругло за градот. Најмногу загрижува тоа што во близина се две основни и едно средно училиште, а учениците може да заскитаат од љубопитност да влезат во бараката и да се повредат.    

Loading