ДВА МАСТРАФА ЗА ЕДНО ЃУБРЕ

Комуналец месецов ќе транспортира од дивите депонии под Езеро над 3000 м3 градежен шут и комунален отпад до депонијата Алинци.  Во првата фаза се собрани и пренесени над 500 м3. Јалови се апелите на комуналците до дел од граѓаните да го собираат отпадот без разлика на видот. Несовесни поединци плаќаат  превоз да го истураат шутот на недозволени места.

Комуналците коментираат дека фрлањето на отпадот на несоодветно место се нагрдува глетката на  околината на градот, кој се труди да го држи епитетот најчист.

– Тешко проработува совеста, покрај сите повици. Ќе ги исчистиме дивите депонии во околината, но тие средства ќе ги насочевме за нови зелени површини. Дел од парцелите со ѓубре се комплетно исчистени и израмнети. Потребно е повеќе време за транспорт – велат од Комуналец.  

Според проценките само од локалитетот Кукул ќе се исчистат над  2500 метри кубни градежен шут.

Комуналец им нуди на граѓаните и фирмите кои градат најмување на контејнер или трактор за транспорт на отпад до депонијата. И градежниците истураат шут на недозволени места, во обид да ги редуцираат давачките, иако им се вкалкулирани во цените на градбата. 

Loading