ПАРК СО ИНСТРУМЕНТИ И МУЗИКА

Парк со скулптури на музички инструменти и декор на музички знаци ќе никне во Врбеско маало. Покрај апликациите како што се подните црно-бели плочки во форма на клавиши од пијано, локацијата ќе содржи импресивни елементи со кои ќе претендира да се претвори во нестандардно катче за одмор и рекреација. Ќе се постават и стари оригинални инструменти соодветно заштитени од временските неприлики. Дел од просторот ќе биде подготвен за изведување на мали концерти.  Додека се седи на клупите, граѓаните ќе ги милува различен стил на музика од разглас и звучници. 

Loading