МЕДИЦИНСКА ГРИЖА ЗА СЕЛАНИТЕ

Да им се помогне на лицата од населените места кои гравитираат кон општина Прилеп, Здравствениот дом го применува проектот “Рурален доктор”. Суштината е мобилна единица со лекарски тим и медицински сестри да обезбедуваат континуирана медицинска грижа за жителите на руралните средини. Со ова се намалуваат трошоците за превоз и се олеснува работата на Здравствениот дом.

Мобилната екипа од “Руралниот доктор” работи секој работен ден и ги опфаќа селата, в понеделник, М. Коњари и Кадино Село, вторник, Селце и Мажучиште, среда, Подмол и Клепач и Загорани, в четврток Ерековци и Галичани и в петок Чепигово и Ново Лагово.

Местото каде медицинската екипа ќе може да ги извршува прегледите се училишните простории. На жителите на овие села им е овозможено мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта и лекарски совети за здравствените проблеми.

Loading