КУДЕ ЧЕТИРИ БАНДЕРЕ

Прилеп и Куманово имаат неколку допирни точки. Една е првата пушка на 11-ти Октомври, а втората е малку шегаџиска.

Прилеп има дури три дрвени и една бетонска бандера на место од 1 м2. Зошто и на кому му требале толку бандери за пренос на електричните кабли, не знаеме. Една до две вршат работа. Ама начичкани четири една до друга во строгиот центар на Прилеп, можеби и ние треба да направиме споменик за местото со четири бандери, како кумановчани. Или да се реши прашањето порационално.

Од друга страна, култно место на кумановчани е “Куде тумбе с’с три бандере”. Се вели дека на тоа место имало четири бандери, но некој несовесен граѓанин ја турнал едната, па останале три. Кумановчани кренале споменик со метални бандери и трансформатор. Таа локација е репер, од каде се мери растојанието до друго место во градот.

Loading