КРВОДАРИТЕЛИ СЕ РОТАРИЈАНЦИТЕ И ЛАЈОНСИТЕ

Секој човечки живот е драгоцен, а со дарувањето крв се спасува живот. Меѓу хуманите кои сакаат да помагаат и несебично пружаат раце за да даруваат крв се членовите на “Ротари” и “Лајонс” клубот. Под покривителство на Ротари во хотелот Кристал Палас се организираше традиционалната крводарителска акција, која беше мошне успешна, затоа што се собра драгоцената течност што живот значи, особено од ретките крвни групи.

“Ротаријанците” се мошне активни и најавуваат заеднички проект  со колегите од Софија, Бугарија. 

Loading