ФАСАДАТА ЛАЖЕ

Трговскиот центар доминира со големината на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”. Убаво е осмислен, но, во најмала рака, загрижувачко е неговото менаџирање. Полн е со контрадикторности. Одлице, од напред, фасадата изгледа убаво, со кафулиња полни со млади. А, задната фасада е оставена на забот на времето. Слој по слој се лупи, се рони и исчезнува. Ако се влезе внатре, сетилата бележат неподнослива смрдеа на урина, фекалии. Никој како да не е задолжен да го исчисти штуриот ходник кој претставува  голем тоалет. Низ лавиринтот наталожен е смет до просториите кои некогаш работеле, а сега се празни. На десет локали со катанец, ќе се најде некој адвокат или нотар. Деловно, бизнис центарот е фијаско. “Секнува” и Б од бизнис. Освен неколкуте кафулиња и продавници на чело, сé друго е глуво и руинирано.

Изгледа дека функционира нормално само станбениот дел, зашто нема некоја поплака од жителите со посебен влез.  

Loading