БАКАЛСКА ДРУЖБА ВО СЕЛЦЕ

Ако пред два односно три века, во Прилеп се одржувал еден од најголемите панаѓури, во Румелија и траел 25 дена, и денес трговците од нашиот град се “топ”. Во 18. и 19. век на панаѓурот доаѓале трговци од Велес, Скопје, Врање, Ниш, Софија, Сер, Солун, Битола, Корча, Охрид, Елбасан и други места. Главни стоки за тргување биле тутунот, житото, пиперката, женски ракотворби, особено ќилими и др.

Чаршијата денес важи за најснабдена, најбогата, а дуќанџиите за најљубезни. Во  среда и сабота,  на пазарење се среќаваат муштерии од Битола, Кавадарци, па дури и од Охрид. А трговците со корен за бизнис, од век и веков, знаат и ја почитуваат традицијата. Бакалите, или трговците најчесто со колонијална стока, и годинава се собраа на заеднички ручек во манастирот Свети Димитрија во Селце за денот  заштитник,  Св. Три Светители.

Денеска има над 300 колонијални дуќани кои се дел од економскиот импулс во градов.  

Loading