3-Д ИЛУЗИЈА НА ЏИП

На фотографијата се гледа џип, кој би помислиле дека поминал низ некоја воена зона. Но сликата не е ни од Украина, ни од Авганистан, ни од Ирак. Автомобилот е прилепски и врз лакот му се ставени апликации да наликува како врз него да е испразнет цел шаржер од Калашников. Во движење ги запира погледите, зашто наликува дека е од пресметката на полицијата и криминалното дуо Бони и Клајд во нова верзија. Човек треба асолно да се приближи до “изрешетаниот” џип и да види дека не станува збор за дупки од куршуми, туку вешто изведено бојадисување. Интересна и несекојдневна појава е возилото паркирано меѓу другите еднобојни “моторни другари”.

Loading