РАБОТНИЦИТЕ ОД ЕУРОКОМПОЗИТ ШТРАЈКУВАА ЗА ПЛАТИ

Над 300 работници од државната наменска компанија 11 Октомври – Еурокомпозит ги запреа машините, незадоволни од ниските плати и од осуммесечното доцнење на исплатата на заработувачките. Работниците очекуваат известување за пристигнатите средства од МВР за испорачаната опрема, усогласување на платите според законот за минимална плата, исплати на целата плата за декември, а секој нареден месец до 15, заедно со дел од заостаните плати од 2013 година, заклучно со 2014 година. Меѓудругото, синдикатот инсистира менаџментот да обезбеди сини картони, а доколку нема, да се плаќаат трошоците за приватните здравствени услуги на работниците. За синдикатот е нужна исплатата на продолженото работно време наредниот месец, независно од количеството прекувремени работни саати. Работниците инсистираат на превоз за редовно и прекувремено работење и услови според прописите за ХТЗ. Тие бараат објавување на огласната табла  на сите награди и казни.

11 Октомври – Еуркомпозит е еден од четирите македонски загубари, а државата е стоотстотен сопственик. 

Loading