ЗА НОВОРОДЕНЧИЊАТА 65 000 ДЕНАРИ

Во Кривогаштани

Точно 20 родители на лански и годинешни новороденчиња во кривогаштанско веќе ја добија паричната поддршка од локалната самоуправа. Едно новороденче е четврто, а едно трето дете во семејството. Локалните власти поделија 65 илјади денари.

Со поддршката им се помага на семејствата со бебиња, се влијае на наталитетот и се запира иселувањето.           

Лани се родиле 15 отсто повеќе деца во кривогаштанско за разлика од изминатите години.

Loading