ТЕНДЕР ПРОТИВ АЕРОЗАГАДЕНОСТ

Локалните власти ќе распишат тендер за избор на фирма која ќе го измери загадувањето на воздухот, бучавата, квалитетот на површинските води, на отпадните води, емисиите на издувните гасови, иако градот нема знаци за контаминација на  атмосферата, поради отсуството на поголем индустриски загадувач.

Мониторингот се презема за подобрување на квалитетот на животната средина.

– На четири пункта во февруари ќе се мерат емисиите на издувните гасови во атмосферата. Времето е утврдено, бидејќи граѓаните се ориентирани на греење со цврсти горива. Немаме законска обврска, но е во интерес на граѓаните да се утврди состојбата на животната средина – вели Цветанка Николоска, инспекторот по екологија.

Според неа, ако податоците покажат надминувања на законските рамки, ќе се размислува за преземање мерки, зашто не е забрането греењето со дрва и со јаглен.

Loading