ЗА ДОБРА ИДЕЈА – ДРЖАВЕН ВЕТЕР СО ЕВРА

Шанса за самовработување

Невработените имаат избор на еден од двата државни огласи, со кои можат да го решат животното прашање и да обезбедат леб. Државата нуди неповратни средства за добра бизнис идеа и за самовработувањето со кредит под поволни услови.

До 24 јануари невработените може да конкурираат со добра бизнис идеа за 3000 евра неповратни средства во опрема и репроматеријали, плус поддршка за регистрација на фирмата.

– Владата одобрува плус 1500 евра дополнителна поддршка за 50 најуспешни идеи низ целата земја. Во истиот момент кога агенцијата за вработување, финансиски ќе ги поддржи лицата, за регистрација на фирмата и користење на 3000 евра во опрема и репроматеријали, ќе можат за наредното вработување кое го реализираат да користат плус 1 500 евра за лице – објаснува Силвана Пашоска, директор на Агенцијата за вработување.

Невработените може да го најдат лебот со вработување со кредитирање. Станува збор за отворање на сопствен мал бизнис. Кредитите се 2000 евра повратни средства, со грејс период од една година и 1 отсто е непроменлива камата за периодот на исплаќање од 3 години по едногодишното мирување.

– Конкурсот е за невработени со минимум еден ден во евиденцијата пред објавувањето на јавниот повик. За производствена дејност, може да се користи 5000 евра по лице за носителот и плус да се здружи со уште две други лица. За непроизводствена дејност, може да се користи 3000 евра како носител и плус 4 лица и со секое по 3000 евра – вели Пашоска.

Аплицирањето за самовработување со кредитирање е до 22 јануари. 

СОЗДАДЕНИ 1 400 ФИРМИ ЗА 7 ГОДИНИ

До сега со кредитирање има 720 вработувања, а со грантови 710, односно отворени се над 1400 фирми, кои се прошируваат и го зголемуваат бројот на работниците. Аплицираат по  околу 350 лица, а се доделуваат годишно по 70 – 90 грантови. Невработените пројавиле најголем интерес за пекарската дејност.  

Loading