БОГАТА ПРОГРАМА ЗА ПАТРОНАТОТ

СОУ “Мирче Ацев”

До последен детал беше осмислена и изведена манифестацијата за патрониот празник на Гимназијата “Мирче Ацев”. Посветеноста на младинската организација и стручниот актив беспрекорно исполнија четири дена со разни чествувања.

Одбележување на годишнината  отпочна на 23 декември со ученичка изложба на ликовни творби. Сликите беа направени и во минијатури и послужија како новогодишни честитки. Неколку дена подоцна, во клубот Тејк Фајв, се претставија ученици со поетска вечер. За ова време се одвиваа традиционалните спортски натпревари во одбојка, шах и кошарка.

На денот 4. јануари, кога пред 71 година загинал народниот херој Мирче Ацев, професори, ученици и припадници од касарната која го носи истото име положија цвеќе на Могилата на непобедените и на бистата во Гимназијата.

Неколкудневната свеченост заврши со свечена академија во театарот “Војдан Чернодрински”.

Loading