РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АМБУЛАНТАТА ВО КРИВОГАШТАНИ

Комплетно ќе се реконструира амбулантата во Кривогаштани да се подобрат условите за давање здравствени услуги. Современо е опремена и лабораторијата со поддршка на Здравствениот дом од Прилеп и Министерството за здравство.

Во реновирањето ќе се вложат околу 3,1 милион денари, да имаат на располагање поквалитетни здравствени услуги околу 20 илјади жители од дваесетина села.

Градоначалникот Тони Заткоски очекува идната година да профункционира и Служба за итна помош.

– Пред тоа ќе се санира покривот, внатрешно ќе се реновираат просториите, ќе се сменат прозорците и вратите… Здравствениот дом од Прилеп донира нови апарати за лабораторијата – изјави Заткоски.

Директорот на Здравствениот дом Петар Ристески објаснува дека лабораториските испитувања ќе се вршат секој ден и жителите нема да чекаат или да патуваат во Прилеп.

– Набавивме нова медицинска опрема, лабораториски апарати. Вложивме над половина милион денари да се подобри функцијата на амбулантата – вели Ристески.

Медицинската опрема платена од сопствените средства на Здравствениот дом.

Првата реконструкција се направи по педесетина години од градбата. 

Loading