РИСТЕСКИ ПОДДРЖУВАЧ НА ЕСНАФИТЕ

На манифестацијата “Денови на занаетчиството”

Градоначалникот Марјан Ристески доби благодарница, бидејќи меѓу првите локални самоуправи го поддржал промовирањето на  занаетчиството. Признанието му се врачи на  четвртата манифестација “Денови на занаетчиството”, ораганизирана од Министерството за економија и Занаетчиската комора на Македонија.

На свеченоста се доделија признанија “Занаетчија на годината” како и “Признание за најуспешните” од страна на Министерството за економија.

Еснафската благодарница е плод на придонесот на Ристески за промоција на традиционалните занаети како фактор на економски развој, креатор на нови работни места за младите и чувар на традицијата и културата.

Старата прилепска чаршија е дом на еснафите, место на кое опстојувале копаничарството, грнчарството, кувенџиството… Уште се среќаваат ковачи, наланџии, ножари… 

Loading