ПРИЗНАНИЕ ЗА СЈАЕН НОВОГОДИШЕН ДВОР …

Општината традиционално и годинава ќе додели награди за најкреативно и најубаво украсен двор од индивидуална куќа, тераса од стан, угостителски објект, дуќан, како и за најубаво украсенa станбена зграда за Нова година.

Заинтересираните граѓани и правни лица може да ги испраќаат фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адресата на e – mail: [email protected] или на адреса: Општина Прилеп, ул. „Марксова“ бб, со назнака за „Новогодишен Прилеп“ до крајот на месец декември.

Објектите ќе ги оценува жири од локалната самоуправа и медиумите, а наградите ќе се доделат на крајот од јануари.

Loading