СИСТИНА ВЛЕГУВА ВО ДИЈАЛИЗА

Од 1 јануари

За да се подобрат здравствените услуги на пациентите со проблеми со бубрезите, приватната болница Систина од 1 јануари го презема управувањето со прилепското одделение за дијализа.

Менаџерскиот тим на болницата се определил за партнерство со прочуената здравствена установа со турски капитал, како најсоодветно решение на со децении акумулираниот проблем со одделението заради старите и нефункционални апарти, а од друга страна пак, поради постојаното зголемување на пациентите и големата територијална покриеност со услуги кои ги дава општата болница.

Во тек е процедурата за преземање на управувањето на одделението.

– Дел од медицинскиот кадар, согласно законскиот рок, кој беше до први декември, се изјасни дека преминува кај концесионерот, а додека другиот дел ќе биде распореден на Интерното одделение – вели Илија Богатиноски, директор на болницата.

Од Нова година се воспоставува јавно – приватно партнерство, кое се очекува и во останатите болници. 

Loading