Сопственикот на винарница, пица ресторан и поранешен каратист Златко Пирганоски е претседателот на општинската организација на Граѓанската опција на Македонија – ГРОМ. Пирганоски досега не бил член на ниту една политичка партија. На основачкото собрание, покрај лидерот Стевче Јакимовски и генералниот секретар Виктор Цветковски, присуствуваа 180 делегати.
ГРОМ, како нова партија, нуди повеќе избор на политичката сцена, конкуретност на идеи и проекти, позитивни настапи на нови и енергични лица на луѓе кои се борат за Македонија.