СТРАТЕГИЈА СО АМЕРИКАНСКО ЛОБИ

Економскиот совет ја одржа 12-та седница

Економскиот совет во кој членуваат видни бизнисмени, носители на јавни функции и на стратешки институции и установи во општинава, го усвои стратешкиот план кој што го изработиле заедно со американската амбасада, а во соработка со УСАИД. Се разгледувал и проектот за осветлувањето на влезовите на градот, кои беа “црните точки” во општинава и нивно означување, во соработка со Агенцијата за патишта.        Бизнис секторот е заинтересиран за отворањето на приватни градинки и нивно вклопување во ДУП и ГУП, како и за јавно – приватно партнерство со ЈУ Наша иднина за да ги зголемува сместувачките капацитети на градинките.

На дневен ред биле и започнатите и реализираните проекти во 2013 година и кои ефекти произлегле за економскиот совет.

Градоначалникот Марјан Ристески признава дека советодавното тело, во кое, покрај бизнисмените, е вклучен и невладиниот сектор, му е десна рака и многу помага во работењето и на локалната самоуправа и јавните претпријатија, давајќи насоки, предлози и сугестии во реализацијата на тековните и идни проекти на градот. Проект вреден 30 милиони евра, битен за сите граѓани, а кој треба да заврши до 2015 година и преку кој ќе се сменат околу 80 км. цевки е реконструкцијата на канализационата мрежа и изградбата на модерна пречистителна станица за третман на отпадните води.

– Преку 100 реализирани проекти е огромна бројка, со која сум задоволен и со која не можат да се пофалат други градови во Македонија. Проблемите се решаваат тековно и со тоа се подобруваат условите за живот во секој сегмент во општинава. Проектите се и од економски и од културен карактер, од аспект на инфраструктурата, спортот, социјалната заштита и тн. Тоа значи дека Прилеп е пример посочуван не само во земјава, туку и на Балканот. Не се решаваат сите проблеми одеднаш. Меѓутоа, голем процент од нив се решени и Прилеп предничи во споредба со другите општини. Промените не се само за нас, туку и за странските инвеститори, амбасадорите, посетителите, туристите. Голема помош на ЛС дава економскиот совет и невладиниот сектор, а ние прифаќаме – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Претставниците на АВРМ ги образложиле проектите за намалување на невработеноста во Прилеп и во Македонија, а стопанствениците покажале подготвеност за учество и во владиниот проект “Се грижиме за топол дом” за помош на социјалните семејства.  

Loading