СЕ ГРАДИ И НА МИНУС

И во овој период, кога термометрите ја покажуваат температурата под нулата, не запираат градежните активности за новата автобуска станица.

Фирмата Виком под полна пареа ја тера градежната динамика да ги постигне договорените рокови. Не им пречат ниту кочан температурите, туку со соодветни хемиски средства ги забрзуваат и адаптираат процесите на бетонирање.

Паралелно, вредните заварувачи ја кројат металната конструкција со швајс апарати. И тие не знаат за временски неприлики. И на минусни температури, изложени на ветар, толку се посветени во работата, што изгледа како да не им смета што се искачени на околу 10 метри височина. “Капак” на сé е и снегот што им ја отежнува работата. Но, мајстор си е мајстор. Не му е сефте да заварува во секакви временски услови.

Loading