ДРАГАН ВАСИЛЕСКИ ПАК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НОВА ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА

Делегатите на вториот конгрес на НЛП му дадоа полна поддршка на Драган Василески да биде повторно претседател на партијата. Тој е еден од директорите во Тутунскиот комбинат. Партијата продолжува да коалицира со ВМРО – ДПМНЕ и да партиципира во коалицијата ,,За Подобра Македонија,,.

– Бараме Македонија да стане целосна економска зона, да има рамномерен регионален развој, зашто поголемиот дел од општините не  можат сами да опстојат, државата да биде една изборна единица и Претседателот да се избира во Парламентот – додава Василески,  претседателот на НЛП.

Според него, шанса треба да добијат и помалите партии, но и поединци да учествуваат во политичкиот живот.

– НЛП ќе ја засили активноста за да се врати на трасираните патеки пред години. Тоа значи поголема застапеност во власта и повторно да станеме парламентарна партија, бидејќи сметаме дека во Парламентот можеме да бидеме корисни – вели Василески.

Loading