ДИГИТАЛНО ШКОЛО НА ПРИЛЕПСКА ПОЧВА

Тројца директори на основни училишта на симпозиум во Словенија меѓу 219 колеги од Балканот

На покана на Rokus Klett, издавачката куќа од Словенија, со свои претставништва во Србија и Бугарија, до сите основни и средни училишта од Македонија, од 27-30 ноември, тројцата директори на О.У. “Блаже Конески”, “Рампо Левката” и на “Климент Охридски”, учествуваа во Крањска гора на научниот симпозиум на тема – Во пресрет на дигиталното училиште. На симпозиумот имаше поканети 219 директори од цел регион- Србија, Бугарија, Црна Гора, Војводина, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија.

По европски терк и беспрекорна организација на Словенците, секој учесник добиваше материјали, брошури и имаше симултан превод на разни програми од соодветната земја, преведени на својот јазик. Симпозиумот имаше еминентни предавачи кои низ своите предавања ја претставуваа иднината на училиштата, е- содржините, и е- учебниците. Се презентираа резултати од е-издаваштвото, од дигиталните содржини и идните таблети и белите е- табли.

Владата на Македонија направи одличен чекор преку поставување на компјутер за секој ученик. Потребно е надградување по однос на барање на средства и фондови за понатамошна набавка на таблети , е-бели табли и дигитални учебници. Свое предавдање на таа тема имаше Жига Фон – основач и директор на претпријатието Диги Ед на тема – Образованието на 21 век, м-р Марјета Доупона – истражувач од педагошкиот институт на тема – Е-учебник за ефективно учење, Рок Штебе од Клика ДОО на тема дигиталното издаваштво во нашиот регион, Мартин Валке од Универзитетот од Гент на тема Е- книги, таблети, компјутери во училниците – Дали тоа е неизбежната иднина? од доц. д-р Уршка Фекоња Пеклај, на тема – Употреба на интерактивна табла и таблети во основното училиште – резултати од истражување, Александер Евен Хенриксен од Гилендал Норск Верлаг – на тема – Иднината на издаваштвото во нашиот регион и д-р Иван Герлич од Универзитетот во Марибор, на тема – Дидактичка перспектива на дигиталното училиште.

Понатаму во прекрасна организација од Klett Rokus издавачката куќа изврши вмрежување на сите 219 училишта заради размена на контакти, податоци за идна можност за соработка. На нашите училишта, идни партнери за соработка за здружени проекти по било која основа се училишта од Србија, Бугарија, Словенија, Војводина.

Насоките на Европа се дека сé треба да се дигитализира и што се очекува да следи, екстерното тестирање оди во прилог на стандардите на ЕУ. Е- училиштето е нашата иднина, а директорите беа поканети да учествуваат на истиот симпозиум, затоа што беа и се третирани како двигатели на промените.

Loading