РИСТЕ ОКЛЕ ПОПЕТО

Под Маркови Кули, во Прилепот градот,

во Варошко маало, Окле се роди.

Детството Окле кај Дабничка Река го помина,

ко подрасти момче, го слушна школското ѕвонче.

 

Се запиша тој во верското училиште,

да учи за Христовото мачилиште.

Учебните години ги завршуваше со петка,

родителите му ја плаќаа школската сметка.

 

Со Шакира, Окле многу се здружи,

на власта тој силен отпор í пружи.

Насекаде Окле со вооружена чета оди,

борби води, народот свој за да го ослободи.

 

На 7-ми јуни во 1902-та година,

во прилепската јужна околина,

во алинската густа корија,

четата на Окле, внатре престојува.

 

Во коријата четата е откриена,

во борбата со аскерот е разбиена.

Ранет Окле, комитите нарамо го носат,

жив него за да го спасат.

 

До Криви патишта Окле со животот се бори,

го застанаа тука за да се одмори.

Од кладенецот Окле вода се напи,

животот негов тука му згаси.

 

Окле со неговите два соборци, убиени тука,

Марулчани во запрежна кола ги товарија,

пред марулските гробишта ги изложија.

Со изим од аскерот во еден гроб ги положија.

 

Автор

Томе Велјановски – Марулецо

Loading