ПРИЛЕП ВО ВЕРОНА

“Не сум видел досега толку жив, активен град и градоначалник полн со идеи. Ова се двата најважни елементи за развој на еден град, а тоа го има Прилеп и регионот”.

Ова го изјави Ернесто Масимо Белели, амбасадорот на Италија при посетата на Прилеп.

Тој нагласи дека е добра соработката меѓу Македонија и Италија, најавувајќи ја скорешната посета на македонска делегација на Италија.

– Со градоначалникот Ристески разговаравме за соработката во секторот мермер, бидејќи во Верона има најголем саем за мермер од светски размери. Потребно да се креира “know – how” од нашиот град, тука со општината, со компанија која може да биде партнер на саемот, оти се бара специјализација, зашто нема простор за општи саеми. Се надевам дека при посетата на македонската владина делегација на Италија, Прилеп ќе ги претстави економските зони. Најважно е изучувањето на италијанскиот јазик, преку кој ќе може полесно да се најде работа – изјави амбасадорот Белели.

За градоначалникот Марјан Ристески посетата е добредојдена пред претстојното декемвриско претставување на градот на саем во Верона.

– Го запознавме со можностите за инвестирање. На саемот во Верона во декември ќе го претставиме Прилеп. Се надевам дека соработката со Италија ќе ја продлабочиме – изјави Ристески.

Loading