ПАРКИНГ – ЗЛАТО ВРЕДЕН

Со напливот на автомобили, возниот парк на градов се зголеми можеби двократно. Арно почувствуваа граѓаните сменувајќи ги старите “Застави” со германски, италијански или корејски возила кои се поудобни за возење.

Меѓутоа, се создаде горлив проблем за возачите. Се стесни просторот за паркирање на удобните скапи автомобили. Локалните власти открија разни места за паркирање. Но, нужно е да се плати.   И тука никнува проблем. Кај возачите не постои подготвеност за плаќање за паркирањето, по урнекот на европските градови каде се стремиме сите. Шпараџиите некогаш ги оставаат автомобилите пред згради, па станарите не можат да си го паркираат возилото.

Тоа го решаваат на повеќе начини. Некои ставаат камења, некои импровизирани триаголници со катанец, а кај зградите кај Болницата паркингот за станарите е заграден со метален синџир, на кој виси лимена табла со предупредување дека секој што не живее во зградата, а ќе се обиде да паркира, ќе му биде кренато возилото од пајак – службата.

Кој и да е начинот, треба да се стави ред во паркирањето на автомобилите, зашто сега се потреба, а не луксуз.

Loading