ЌЕ СЕ ГРАДАТ УЛИЦИ ВО КРИГОВОГАШТАНИ

“Асфалтирање на улици” е проектот што Кривогаштани ќе го реализира во наредниот период. Оваа опција беше избрана од граѓаните на петте сесии на Форумот на заедниците.

Жителите имаа можност преку евровизиски начин, преку гласање да се определат, кој  приоритет број еден за развој на општината.

– Граѓаните имаа избор, да гласат за еден од петте можности, меѓу кои за обележување на патната инфраструктура, за собирање и одложување на смет, асфалтирање на улиците, изградба на спортски игралишта и реконструкција на домот на културата. Најбројни беа гласовите за асфалтирањето на улиците. За сообраќајници без кал и прашина ќе бидат одвоени финансиски средства –  велат од општината.

Loading