ИСО СЕРТИФИКАТ ЗА ОПШТИНАТА

Како потврда на давањето квалитетни услуги на граѓаните, општинската администрација доби сертификат ИСО 9001 за квалитет. Со тоа општинава се вбројува меѓу неколкуте во земјава со меѓународен доказ. Чешка фирма за стандардизација работела од мај лани и го контролирала работењето на раководителите, комплетирањето на општинската документација, на услугите и начинот на кои им се даваат на граѓаните.

– Поквалитетно е и спроведувањето на целокупната административна документација во која влегуваат повеќе проекти кои подоцна ги аплицираме во институциите, министерствата и европските фондови – вели градоначалникот Марјан Ристески. 

И при подготвувањето проекти, сертификатот претставува отворени врати и потврда за кредибилитетот на локалната самоуправа.

– Инвеститорите кои сакаат да соработуваат со општината и сакаат да знаат дали ги спроведуваме активностите според некакви стандарди, дали сме ефикасни и квалитетни, веќе имаме меѓународна потврда – вели Никола Димески, претседателот на Советот на општината и член на ЗЕЛС. 

Документот со принципите за квалитетно работење е истакнат на видно место во општинската зграда. А во една од фазите на имплементација на системот за квалитет, реализирана била и обука и на раководителите на одделенијата и на вработените.           

Loading