ДРВЕНА КУЌАРКА

Од сите куќички за одмор и за засолнување од невреме на паркинг редарите на булеварот, се издвојува онаа карши хотелот Липа. Направена е да изгледа како голема верзија од куќичките за вештачки птици од часовниците. Големината е стандардна колку и на другите паркинг одморалишта. Се разликува по тоа што е изработена од дрво. Пред останатите, е и оригинална, макар што изгледа како да е за друга намена. Сепак, арна е. Нашла добра примена, да не се прави нов арч.  

Loading