ТЕПАЧКИ НА НИВИ

Две сосетки се скарале додека береле тутун, па сопругот од едната дошол да дели правда кај селото Чаниште. Ја одбранил сопругата, а ја нападнал сосетката заработувајќи кривична пријава.

Полицијата го сомничи З.Т.(38) од Чаниште за „тешка телесна повреда” од 23 август. Додека Д.К. берела тутун, дошла нејзината соседка М.Т. Двете се расправале за тутунот. Дошол сопругот на М.Т. и ја удирал со тупаници Д.К., при што и нанел тешка телесна повреда.

Кај “Бегова Ливада” се скарале двајца прилепчани за ѓубре во нивата. Полицијата го товари П.Б.(56) за тешка телесна повреда. Додека М.Б.(61) бил на нива дошол пријавениот и почнал кавга за фрленото ѓубре во нивата. Потоа со мермерна плоча го удрил М.Б., нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Loading