СТУДИСКА ПОСЕТА НА ИТАЛИЈА, СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА

Градоначалникот Марјан Ристески е дел од државната  делегација од 30 градоначалници од земјава, кои заедно со раководителите на центрите за развој на планските региони, предводени од министерот за локална самоуправа претстојуваат во студиска посета на Италија, Словенија и Хрватска.

Македонската делегација, вклучително со градоначалникот на Кривогаштани, Тони Заткоски, оствари работна средба со претседателот на провинцијата Трст.          Според информациите од локалната самоуправа, при престојот во Италија, акцентот се ставил на италијанскиот модел за пристап кон кластерско здружување на компании за енергетска ефикасност и маркетинг.

Според организаторот и финансиер на програмата, трите дестинации се одбрани поради тоа што Италија и Словенија имаат искуство во аплицирање на проекти од фондовите на ЕУ, а Хрватска, како и Македонија, до неодамна ги користеше предпристапните средства.

Делегацијата го посети и природно заштитеното подрачје Сан Дорлинго Де Ла Вале, во Општина Долина, каде градоначалникот информирал за системот на подготовка и финансирање на проекти на локално и регионално ниво.

Тематското патување продолжило со посета на градот Копер во Словенија и Пула во Хрватска.

Loading