РЕКРЕАТИВНО КАТЧЕ ВО ВРБЈАНИ

Како дел во изборната програма на градоначалникот на Кривогаштани Тони Заткоски беше изградба на рекреативни катчиња со водени површини и детски реквизити во руралните средини на околу 500 м2. Селото Врбјани прво доби парк со фонтаната и езерце, кои на жителите ќе им овозможи подобра рекреација. Во склоп на атрактивното место, предвидено е да се направи детско игралиште со нишалки за децата.

Проектот чини 300 илјади денари. Парите се обезбедени од  локалната каса.

Заткоски најави урбанизирање и зелени пријатни места и во другите населени места  во оптината Кривогаштани.

Жителите на Врбјани ќе има каде да излегуваат и да ги прошетаат децата.

Нова ограда добија и скалите на подрачно училиште “Манчу Матак”  во Кривогаштани за да се влијае на безбедноста на учениците.

Loading