ГРАФИКА ЗА АРГИРОВСКИ

Прилепските пензионери први му ја честитаа наградата за животно дело “11 Октомври”, што ја доби претседателот на пензионерската организација Драги Аргировски. Првиот локален пензионер Кирил Ѓорѓиоски, честитајќи го високото признание, му подари графика со мотив од Старата чаршија.

– Наградата е на сите нас за нашите активности. Иако сме пензионери, имаме и радост и надеж и треба со светли очи да гледаме во иднината – рече Аргировски.

Луѓето од третото доба ја проследија претставата “Печалбари” на актерите пензионери од друштво од Куманово. 

Loading