ФРАНЦУСКИ ДРЕСОВИ

Гимнастика

В сабота во Битола е финалето од А лигата. Меѓу седум клуба учествува и КГС Партизан Прилеп на Златко Ангелески. На сцена се 14 гимнастичари. Девојките се во нова, француска опрема. Од прво место, заработено на претходните три турнири, стартуваат: Спиркоска, Гелеска, Ангелеска, Јанкоска, Атанасоски, Илиоски, од второ Зареска, Велкоска, Јездиќ, Христоски, Деспотоски, Василески, а од трето Здравеска и Адамчески.

Клубот комуницира со Дино Бошњак, кој се одомаќини во Марибор и во состав на словенечката репрезентација ќе настапи на силен турнир во Будимпешта.

Loading