ЗДРАВИ, СО ОРИГИНАЛИ

Американците со копии и фалсификати козметика, парфеми и лекови на плоштадот ја демонстрираа опасноста од користењето на фалсификати пред уникатни производи во кампањата “Останете здрави – користете оригинали”. На штандови во големиот шатор се изложија неоригинални, фалш стоки, кои според, организаторите на кампањата, се ризични за експлоатација. Кампањата се стреми да ја подигне свеста и да се укаже на штетните последици од ползувањето на производи со сомнителни квалитети.

Кампањата е поддржана од амбасадата на САД, а градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со претставникот на амбасадата, Зишин Чои.

Loading