СÉ НА ЕДНО МЕСТО

Каде што завршува цветната улица, почнува неуредениот пат каде се гради катната гаража. А таму, сé и сешто. Во објективот “влезе” продавач на делчиња од машини или половни електрични алати. Го распослал сиот асортиман на шрафчиња, машински делчиња, делови за моторни возила и други ситници. Човекот нема тезга, па сите производи му се на земја. На површина од околу 4 м2. , со фотографска меморија знае кај е што е и колку пари вреди. На заинтересираните им го покажува бараниот дел, уште пред да го доизговорат моделот. Ако тој не им чини, веднаш наоѓа друг, покомпатибилен. Колку и да се наредени под конец, ситните делови за разно – разни апарати е тешко да се пронајдат, додека трае краткото трпение на купувачот. Но, еве некој успеал да се снајде и во миг да го извлече бараниот дел и да вади за леб.

Loading