МЕРМЕРНА “БУБАМАРА” НА ОГРАДА

Има љубители на фудбалот и вљубени во фудбалот. Еден од вториве е и газдата на куќата во Точила, кој од преголема љубов кон овој спорт, сторил нешто интересно. Како што гледаме, на оградата од домот ставил топка “Бубамара”, за секој што ќе мине да знае дека тука живее жесток фан на фудбалот. Топката од мермер е толку живописно направена, па ако е на земја некој сигурно ќе се обиде да ја шутне. Од цртаните филмови го знаеме исходот – скршена нога.

Убав и интересен потег на домаќинот, кој присетува на куќите на надалеку познатите кавадаречки коцкари. Тие, со парите спечалени од комар или коцка, за адет цртале и цртаат две коцки со шестките нагоре на фасадите, да се знае од каде им се парите за зданијата.

Loading