ОТКАЧЕН ФЕНЕР

Во убавата колонада светилки покрај булеварот има еден “натрапник”. Не знаеме каква судбина го снашла металниот естетски држач за светилка, но стрчи и изгледа како закачалка за алишта. Можеби заварувањето не било добро, ама прашањето е зашто баш таа светилка? Има над сто и сите личат како јајце на јајце. Човечки фактор, или виша сила е во прашање, зашто сигурно не е со намера така оставена. Не е голем зијан да се стори нешто со столбот и држачот, а ќе се задржи убавиот стил на градот.

Loading