СМЕНИ ЗА ПРОГРЕС

Премиерот Никола Груевски со владиниот тим на средба со прилепчани

– Им помогнавме на 1.600 семејства, а за земјоделците предвидени се за идната година нови 140 милиони евра.

– Обновената препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори претставува признание за остварените резултати

“Владата останува доследна за спроведување на реформите. Многу од проблемите се решени и многу проекти се реализирани во седумте години на владеење”.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски на трибината сношти во преполната сала на ЦК “Марко Цепенков”.

Со новиот бран, за смена на 150 функционери и директори, ВМРО-ДПМНЕ сака да внесе “свежа крв” во институциите, јавните претпријатија во интерес на граѓаните и подобрување на живеењето на земјата.

– На толку работа и динамика, признаваме дека правиме грешки. Тие ги поправаме да не се повторат. Смените се резултат на политиката на ВМРО-ДПМНЕ за промена на кадровскиот потенцијал, особено кај оние кои чувствува замор и прават почести грешки. Смените се освежување со нови капацитети и кадри полни со енергија. Не сме партија која не се менува и не ги поправа грешките. Даваме шанса на нови луѓе да продолжат енергично, а досегашните да не се чувствуваат дека не исполниле ништо. Напротив, тие дадоа многу во нивниот период. Но, ги ревидираме годишно успесите и компаративно решаваме за нивната смена – рече Груевски.

Премиерот нагласи дека за субвенциите за земјоделците, кои од година во година растат, годинава ќе се 135 милиони евра,  а в година нови 140 милиони евра.

Паралелно со пензиите се зголемува и социјалната помош. Реакциите за вработувањата на 1600 лица од ранливи категории, за него биле очекувани.

– Од 26500 невработени, на крај 25000 нема да се задоволни. Само 1600 ќе се задоволни. Помогнавме на 1600 семејства, за кои податоците што ги проверуваа институциите и ги ставија во компјутер покажаа дека го заслужуваат тоа и оти влегуваат во рејтинг листата –  истакна Груевски, потсетувајќи на ветувањето на политичкиот противник за вработување по еден член од секое семејство што никогаш не го исполнил.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на трибината, најави вработување во јавниот сектор на лица со посебни потреби. Владеачката партија го исполнува она што го зборува и ветува.

Предлогот на СДСМ за враќање на ДДВ-то од 15 отсто, Груевски го оцени нереално и неостварливо. По повторното доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ДДВ-то на сите стоки и услуги било вратено од 18 на 5 отсто.

За криминалот и корупцијата, нагласи дека против секој, за кој ќе се соберат докази дека направил кривично дело, независно каде припаѓа, без селективност, ќе биде процесуиран што, според него, придонесува за намалување на овие појави.

Обновената препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори претставува признание за остварените резултати во изминатата година и сработеното на институциите, администрацијата…

Владата останува доследна и во напорите за одбраната на националните и државите интереси и грижа за нив, како и исполнувањето на критериумите за влез во НАТО и ЕУ.

ЈАНАКИЕСКИ: НОВИ ВОЗОВИ И НОВА ЖЕЛЕЗНИЧКА

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески потврди дека в година ќе се рехабилитира прилепската железничка станица, која не е реконструирана повеќе од четири децении,

– Заедно со автобуската станица, тој дел од градот ќе се претвори во европски транспортен центар. Паралелно работиме и на коридорот 10 што прилепчани го користат возот како превозно средство. Со рехабилитацијата брзината на возовите ќе се зголеми за 40 – 50 км. на часа и ќе се постигне брзина на возовите од 100 км. на час. Доаѓаат и нови патнички вагони по сите европски стандарди, со што ќе се замени 60 отсто  патничките железнички возила – изјави Јанакиески.

Прилеп доби 1,7 милиони евра за осум локални патишта.

– Ставен е во употреба патот од селото Алинци за Шелеверци, а в година сите патишатат до сите села ќе бидат асфалтирани.

– Одобрена е документацијата за канализацијата на селото Мало Коњари, а жителите од селото Канатларци ќе ги заборават маките со септичките јами – рече Јанакиески.

В година ќе се градат 85 социјални станови за два милиони евра, а распределбата ќе биде електронска.

Loading