ВЕЛЕСКИ – НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ

Педесетиедногодишниот дипломиран машински инженер Сашо Велески, кој е и координатор на совеничката група на СДСМ во градскиот совет, е новиот претседател на општинската организација на СДСМ. Тој ја доби довербата од претседателот Зоран Заев по конкурсот, меѓу кандидатурите на седум членови на партијата.
– Чест и одговорност е да се води опозицијата во Прилеп. Според моето политичко искуство, максималната посветеност ќе донесе резултат, заедно со партиското членство, поддржувачите и симпатизерите, односно со сите кои сметаат дека сме релевантна политичка опција со која ќе им се подобри животниот стандард. Имаме кадри, сили, знаење и елан, а со подбра организација, ќе го продолжиме започнатиот пат, односно првите наредни избори ќе ги добиеме – рече Велески.
Досега СДСМ го водеше ортопедот Илија Јованоски.

Loading